Време е да раскинете? Можеби ова ќе ви помогне!

Profimedia

Секое раскинување е тешко, но ако раскините „на време“, може да се поштедите себеси од понатамошна болка и страдања.

Ако не сте сигурни дали на вашата врска време и е за прекинување, можеби ова ќе ви помогне – експертите  велат дека кога тоа ќе почни да се случува, тоа е почеток на крајот.

Често критикување – тоа е знак дека во вашата врска нема почитување.

Кога вие и вашиот партнер ќе го загубите почитувањето меѓу вас, врската станува сè послаба. Можеби ќе почните да се критикувате меѓу себе со „Ти никогаш не ми помагаш ” или “Секогаш ме игнорираш ”… Таквото однесување е лошо за врската , затоа што фокусот е на нешто лошо што личноста го прави или за тоа што не го прави. Тоа не значи дека не треба да му кажете на партнерот кога нешто ви пречи, туку значи дека не треба да го „напаѓате ”.

Кога мислите дека сте попаметни, поважни, подобри…од партнерот, поголеми се шансите дека нема да го почитувате тоа што тој го зборува, како и неговите чуства. Ќе се согласите дека тоа е рецепт за катастрофа во една врска.

За да биде врската здрава и среќна, потребно е да уживате и да се почитувате меѓу себе.

„Исклучување” – еден од вас го игнорира партнерот

Кога , на пример, изразите некоја грижа, а вашиот партнер ве игнорира и ја напушта  просторијата или едноставно зема да го „чепка ” телефонот, се чуствувате потполно неважно и тоа ве повредува… и сите шанси се да дојде до раскинување, можеби не денеска или утре, но ако таква е ситуацијата, зашто да чекате?

Ниедно раскинување не е лесно, но понекогаш тоа е најдоброто што може да го направите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот