Враќање на големиот шампион – Алонсо официјално во Рено!

фото: твитер

Како што и се најавуваше, тоа денеска го потврдија од Формула 1 тимот на Рено, нивни нов пилот е Фернандо Алонсо

Прославениот шпански возач, кој има 38 години, возеше за Рено во периодот од 2002 до 2006 година освојувајќи шампионатите во 2005 и 2006.

Од 2010 до 2014 година возеше за Ферари, а од 2015 до 2018 година за Мекларен.

Рено е моето семејство, моите најубави сеќавања во Формула 1 со моите две светски титули, но сега гледам напред. Горд и со огромна емоција се враќам во тимот – рече Алонсо.

Во својата кариера славеше на 32 трки и имаше дури 97 подиуми.

Му здосади во пензија, Алонсо се враќа во Формула 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот