Му здосади во пензија, Алонсо се враќа во Формула 1

Фернандо Алонсо и натаму гладен за успеси во Формула 1/Фото: EPA-EFE/PETER STEFFEN

Двократниот шампион Фернандо Алонсо во наредната сезона се враќа во Формула 1 како возач на Рено.

По две години пауза, Алонсо во наредната сезона ќе седне во болидот на Рено, објави Би-Би-Си. Шпанецот ги договорил сите детали со тимот на Рено и во наредната сезона ќе го замени Даниел Рикиардо.


Алонсо освен за Рено со кого во 2005 и 2006 година ја освои титулата, возеше уште и за Минарди, Мекларен и Ферари, а во кариерата има 312 трки и 32 победи, а 65 пати се најде на победничкиот подиум.

За време на пензијата Алонсо не мируваше, возеше на трките 24 часа Ле Ман, на Индијанаполис 500 во Наскар серијата и на најпознатото рели, Дакар на кое годинава го освои 13. место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот