Вработените преку протест се спротиставија на ставовите на „Амазон“ за климатските промени

Фото: Профимедиа

Протестот е најголемата акција на вработени откако „Амазон” се закани дека ќе отпушти работници поради тоа што се изјаснуваат за улогата на компанијата во климатската криза, соопшти AECJ.

Стотици вработени во „Амазон“ отворено ја критикуваа еколошката позиција на онлајн малопродажниот гигант и за нарушување на политиката за комуникација на компанијата.

Повеќе од 300 вработени се потпишаа под пост на блог на Амазон под името Службеници за климатска правда (AECJ), и ја повикаа компанијата да отиде подалеку во својот план за справување со климатските промени, кој беше објавен во септември.

Членовите на групата јавно ја критикуваа компанијата, но некои беа предупредени дека можат да бидат отпуштени од работа.

Протестот е најголемата акција на вработени откако „Амазон” се закани дека ќе отпушти работници поради тоа што се изјаснуваат за улогата на компанијата во климатската криза, соопшти AECJ.

– Како работници на „Амазон“ ние сме одговорни не само за успехот на компанијата, туку и за нејзиното влијание. Наша морална одговорност е да кажуваме гласно и промените во комуникациската политика не спречуваат да ја извршиме таа одговорност, рече Сара Трејси, инженер по разработка на софтвер во „Амазон“.

Според годишен извештај на компанијата, „Амазон“ на крајот од 2018 година имал околу 650.000 постојани вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот