Тепачка на ученици / Фото: принтскрин

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Жестока тепачка на ученици во Сарај, летаат боксови и клоци, а дел снимаат со телефони

Вознемирувачко видео се шири на социјалните мрежи од групна тепачка на ученици во училишниот двор на централното основно училиште „Дитурија“ во скопското село Сарај, додека дел од присутните само гледаат или снимаат со мобилни телефони.

Снимката прикажува како неколку ученици физички се пресметуваат со боксови, клоци… А околу нив стојат други деца, кои не реагираат за да го спречат насилството туку снимаат со телефони.

Во моментот не е познато кога точно е снимено видеото, ниту дали училиштето или надлежните институции презеле мерки по инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот