ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Падобранец загина при пад на фудбалски терен во Тенеси

Снимка од несреќниот падобранец/Фото: Скриншот

55-годишниот Ричард Шефилд загина трагично во САД откако со падобранот падна на фудбалски терен пред почетокот на натпревар во американски фудбал во средно училиште во Тенеси.

Очевидци го снимиле моментот на падот на 55-годишникот кој се чини дека излегува од контрола.

На видеото се слушаат гледачите на стадионот како врескаат во агонија кога сфаќаат дека животот на падобранецот е во опасност.

Падобранецот по несреќата е однесен во болница во Мускет Боул.

Шефилд беше дел од тимот падобранци кои традиционално ги забавуваа гледачите со своите скокови пред натпреварите и имаше повеќе од 1.500 скокови во своето CV.

Екипата на 55-годишникот соопшти дека не е пронајдено ништо чудно со неговиот скок или со неговиот падобран кој, како што тврдат нејзините членови, се отворил без никакви проблеми.

Откако паднал на земја, 55-годишникот бил пренесен во болница каде и починал. Шефилд беше оженет и имаше деца и внуци.

-Едно нешто што го сакаше татко ми е брзината и вака заврши“, напишал во збогувањето синот на несреќниот 55-годишник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот