Фото: Скриншот / Икс / Radar

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Маж во Истанбул си го пресече гркланот пред минувачите со нож за донер

Мажот кој си го пресече гркланот пред минувачите во Истанбул, потоа ја слекол маицата и почнал да вика „Јас сум Мехди, нека дојде Судниот ден“. Потоа отишол до камењата покрај брегот и легнал.

Драматичен инцидент се случи во Истанбул, кога маж зеде месарски нож од киоск на брегот и си го пресече гркланот пред очите на минувачите, објави ИХА.

Инцидентот се случи околу 12:30 часот кај пристаништето Сиркеџи во населбата Фатих. Мажот украде нож за донер од еден киоск, а потоа, од засега непозната причина, почна да вика и потоа се пресече по грлото.

Граѓаните што го видоа настанот веднаш ги известија полицијата и итната помош. Медицинските екипи, кои бргу пристигнаа на местото, му укажаа прва помош на тешко повредениот маж, по што тој со амбулантно возило беше пренесен во болница и задржан на лекување.

– Еден човек зеде нож од киоскот и си го заби. Почна да оди наваму, а додека одеше, крв прскаше насекаде. Дојде дотука, ја слече маицата и почна да вика. Велеше: „Јас сум Мехди, нека дојде Судниот ден“. Потоа отиде до камењата покрај брегот и легна. Изгуби многу крв. Веројатно се онесвести. Повикавме амбуланта. Полицијата и екипите на итната помош му укажаа прва помош и потоа го внесоа во амбулантното возило. Полицајците рекоа дека е жив, но не знаеме каков е исходот – изјави човек кој продава костени на тезга на местото на настанот.

Друг очевидец, Халис Јаткин, кој ловел риба во близина, изјави дека „полицајците го спречија овој човек“.

– Тој удираше и се тепаше, но полицајците беа многу трпеливи. Интервенираа сосема разумно. Човекот дојде и подоцна падна таму напред. Јас тука ловев риба – рече тој.

Полицијата постави безбедносен кордон во околината, а истрагата за инцидентот е во тек.

Сопружници нападнати во подземна гаража во Центар – едниот напаѓач имал оружје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот