ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | „Бездомни животни без граници“: Десетици мртви кучиња најдени во Струга

Извор: Асоцијација „Бездомни животни без граници“

Десетици кучиња засега се најдени мртви во Струга од очигледно труење со отровот ланте, што во повеќе наврати се користи да се реши бездомната популација на животни во државата, реагира Асоцијација „Бездомни животни без граници“.

Градот Струга, град на смртта каде живеат најголемите монструми на две нозе. Не сме сведочеле за град во кој во период од неполн месец се пролеа толку невина крв, нема улици во државава што биле масовни гробници за кучиња како улиците на Струга. Доследни на ветувањата, доследни на убиствата и денес во Струга се докрајчуваат кучињата што по некоја среќа успеаја да го избегнат претходниот масакр со пушка, се вели во соопштението.

Ги повикаа надлежните институции непристрасно да постапат и да го запрат масакрот на бездомните кучиња.

МВР во Струга не е општинска институција за да постапува единствено во полза на градскиот татко како заштитена бела мечка. Ги повикуваме Агенцијата за храна и ветеринарство да ја санкционираат Општина Струга за неспроведување на хуман третман врз бездомните кучиња на територијата на општината, нивната неажурност и незаинтересираноста на општините доведуваат до кулминација на состојбата – ова е историја што се повторува, додаваат од Асоцијацијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот