ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Без предупредување израелски бомби целосно го уништија бегалскиот камп Џабалија во Газа, каде загинаа над 100 луѓе

Фото: Твитер

Вознемирувачко видео говори за ужасот во бегалскиот камп Џабалија во Газа. На социјалните мрежи се споделуваат информации и видеа на кои се вели дека Израелските сили фрлиле 5 бомби без предупредување врз бегалскиот камп Џабалија во Газа при што се убиени над 100 цивили.

И директорот на управата за цивилна заштита во Газа, Ахмад ел-Калут денеска изјави дека бегалскиот камп Џабалија е целосно уништен поради израелското бомбардирање. Во нападот, како што соопшти Хамас, загинаа најмалку 50 лица.

„Овие згради се дом на стотици луѓе. Окупациските воздухопловни сили ги уништија со шест бомби од американско производство. Ова е најновиот масакр што го изврши израелскиот агресор во Појасот Газа, изјави Ел-Калут за новинарите пред болницата Кан Јунис“, пренесува Ал Џезира.

Тој ја повика меѓународната заедница веднаш да дејствува за да го запре Израел, „пред да биде предоцна“.

Властите на Хамас изјавија дека во израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп загинале или биле повредени околу 400 луѓе, меѓу кои и голем број жени и деца.

Од индонезиската болница во Газа велат дека постојано се брои бројот на жртвите. Болницата утревечер целосно ќе биде затворена поради недостиг на гориво, изјави директорот на болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот