ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Успешно оперирана циста на матка тешка 90 килограми – хирурзите од ГАК и го спасија животот на 45-годишна жена

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во Клиниката за гинекологија и акушерство денеска дошла 45-годишна жена во тешка здравствена состојба, на која и извадиле 90 килограми циста од стомакот, пренесува Канал5.

Операцијата ја вршел медицински персонал со гинекологот Игор Алуловски и тим на анестеолози при што операцијата траела речиси пет часа.

Ова е најголема циста досега извадена од човек во Македонија, но и во Европа.

Цистата растела од матката и се проширила низ целиот стомак, предизвикала и труење на крвта, а големината направила притисок врз ребрата и срцето.

Пациентката се уште е во шок соба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот