Возачот на камион обвинет за несреќата на скопската обиколница

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против возач на камион кој е обвинет за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Според ОЈО, на 21 овој месец по автопатот Скопје – Тетово – обиколница Скопје како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност животот и телото на луѓето.

„Тој управувал камион „МАН“ со скопски регистарски таблички и кога дошол пред надвозникот Визбегово, не се движел по средината на обележаната сообраќајна лента.

Со десните тркала камионот се движел по сообраќајната лента за принудно запирање, со што постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од тие причини тој удрил во задниот лев дел на автомобил „БМВ 535“ со гостиварски регистарски ознаки, кој бил запрен во десната сообраќајна лента заради контрола од страна на мобилна сообраќајна полициска екипа. Од силата на ударот возилото „БМВ“ се придвижило нанапред и удрило во паркираниот полициски автомобил „шкода јети“ и во метална одбојна ограда покрај патот.

Автомобилот „БМВ“ се запалил, при што сопатникот во возилото се здобил со изгореници и веднаш починал. Полициското возило исто така се придвижило нанапред и удрило во пешаците, возачот на автомобилот „БМВ“ кој бил излезен надвор од својот автомобил и двајца полициски службеници. Сите тројца се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Еден од полициските службеници подоцна им подлегнал на повредите здобиени во сообраќајната несреќа“ извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот