Воспалението на синусите лекувајте го со овие билки, ќе се ослободите од маките

Фото: Профимедиа

Воспалението на синусите обично е проследено со голема количина на секрет кој се слева низ носот. Покрај овој симптом неретко се јавува и притисок во главата, како и главоболка.

За да го забрзате закрепнувањето фитотерапевтите препорачуваат инхалирање и кремови на база на лековити билки.

Моќниот босилек

Две лажици босилек прелијте со пет децилитри зовриена вода и оставете поклопено да отстои 10 минути. Кога чајот ќе отстои, процедете го и загрејте го. Пареата инхалирајте ја низ носот. Повторете ја постапката повеќепати во текот на денот.

Крем за полесно дишење

Во 10 мл гел од алое вера додадете по 16 капки етерично масло од бор и еукалиптус. Добро промешајте со дрвена лажица. Нанесете мошне мала количина од кремот во ноздрите, масирајте го коренот на носот и подрачјето околу носот за побрзо да почувствувате олеснување во дишењето и исфрлање на слузта. Ова се препорачува два-три пати дневно, особено пред спиење.

Против гнојно воспаление

Во случај на појава на бактерии и гној во синусните шуплини, се советува мирување покрај земањето на антибиотици. Се препорачува неколкупати дневно шмркање млака солена вода или благ чај од камилица и боквица. Исто така, можете да го примените и следниот третман. Сварете компир во лушпа и исцедете ја водата. Наведнете се врз садот, покријте ја главата со крпа и вдишувајте ја врелата пареа што е можно побрзо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот