Вооружен напад во Нигер, речиси 70 мртви

Урнато училиште во Нигер по нападите/ Фото EPA-EFE/STR

Вооружени напаѓачи убиле 69 луѓе во југозападен Нигер, а меѓу убиените е и локален градоначалник, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение на локалните власти.

Делегацијата, предводена од градоначалникот на Банибангуа, била нападната од заседа во вторникот на околу 50 километри од градот во близина на границата со Мали. Во областа доминираат милитанти поврзани со локалниот огранок на Исламската држава, која убила стотици цивили во руралните заедници во Нигер оваа година.

15 преживеани

Преживеале 15 луѓе, а досега никој не ја презел одговорноста за бруталниот напад. Министерот за внатрешни работи Алкаче Алхада изјави за локалната телевизија дека потрагата по сторителите е во тек.

Тоа е, инаку, сиромашната, сушна зона на Западна Африка, која ги опфаќа пограничните области на Нигер, Мали и Буркина Фасо и која е погодена од насилство во последните години. Илјадници биле убиени во областа, а милиони биле раселени.

Исламистичките групи убиле повеќе од 530 луѓе во нападите врз цивили во пограничните области на југозападен Нигер само оваа година, пет пати повеќе отколку во цела 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот