„Војната е европска, а Европа конечно го сфати тоа“ вели украинскиот министер за одбрана

Олексеј Резников/ Фото EPA-EFE/Christine Olsson/TT SWEDEN OUT

„72 часа отпор. Четири дена победа, храброст, посветеност и верба”, напиша предмалку на Фејсбук украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.

Тој истакна дека постои силно верување дека непријателот кој убива жени, деца и уништува мирни градови ќе биде казнет и дека оваа казна е неопходна.

Тој се осврна и на Европа.

Војната стана европска. Европа конечно го сфати тоа. Половина Европа веќе собира, пакува, носи оружје и опрема. Кругот на земји кои обезбедуваат вистинска помош значително се зголеми. Размерот исто така се зголеми. Европа веќе обезбеди привремено засолниште за десетици илјади за оние кои најмногу сакаме да ги заштитиме – нашите малечки и нивните мајки. Без никакви формалности. Како свои. Сега навистина немаме граница на запад. Но поддршка има и на југ и на далечниот исток и пошироко Атлантикот”, напиша Резников.

Објавата ја заврши со зборовите: „Украина ќе победи! Слава на Украина!”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот