Воислав Димитровски нов ВД директор на ЈП „Лајка”

Воислав Димитровски/ Фото: Фејсбук

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја разреши од функцијата Тина Петрушевска и за в.д. директор на јавното претпријатие „Лајка” го назначи Воислав Димитровски.

Како што соопшти Град Скопје, Димитровски е предлог на здруженијата за заштита на животните, како најдобро решение за претпријатието што извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување систем за контрола на популацијата на кучиња.

– Димитровски по професија е ветеринар, магистер во областа на ветеринарното јавно здравство, национален консултант на ФАО за благосостојба на животните, проект лидер на УНДП за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на Југозападниот реон на Македонија. Од Ветеринарната комора на Македонија е назначен како координатор за решавање на проблемот со бездомни кучиња на територијата на Македонија, соопшти Град Скопје.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот