Ирански тренажен воен авион/Фото: Скриншот

Воен авион за обука се урна во Западен Иран, загина еден од двајцата пилоти

Мал тренажен и лесен борбен авион на иранските воздухопловни сили се урна вчера во Западен Иран, при што загина еден од двајцата пилоти, објави државната телевизија ИРИБ, пренесува ТРТ.

Авионот се урна за време на ноќна тренажна мисија во планинската покраина Хамедан, рече изворот.

Еден од пилотите е неповреден, јави државната телевизија, додавајќи дека е во тек истрага за да се утврди причината за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот