ЈЗУ Институт Козле /Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

„Водовод“ се прогласи за ненадлежен за тоа што нема вода во детската болница „Козле“

Од градското јавно претпријатие ги упатија надлежните во детската болница самите да бараат чаре за прекинот на водата, наведувајќи дека тој е во инфраструктура која е во сопственост на болницата

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје во врска со прекинот на водоснабдувањето на Детската болница „Козле“, попладнево соопшти дека при увидот кој го извршиле неговите работници, тие констатирале дека причината за прекинот не е во нивна надлежност и дека станува збор за дефект кој е во сопственост на болницата.

„ЈП „Водовод и канализација“-Скопје ја информира јавноста дека наши екипи извршија комплетен увид на терен и констатираа дека причина за прекинот не е во наша надлежност. Односно, станува збор за дефект на водоводната инсталација која е во сопственост на болницата. За наведеното, известени се надлежните во болницата и тие треба да го санираат дефектот на внатрешната водоводна инсталација“, велат од јавното претпријатие.

Оттаму уште велат и дека и покрај нивните апели, во текот на увидот констатирале дека болницата „Козле“ „нерационално ја користи водата за пиење, со полевање на парковската површина во нејзиниот склоп“, а ова се случувало „додека се занемарени примарните работни активности на истата“. Јавното претпријатие до медиумите испрати и видеоснимка на која наводно се гледа нерационалното користење на водата во детската болница.

„Самото тоа укажува на фактот дека и покрај обвинувањата од раководството на болницата, ЈП „Водовод и канализација“-Скопје нема никаква вина поврзана со прекинот на водоснабдувањето и ги отфрла сите обвинувања. И покрај горе наведеното, ЈП „Водовод и канализација“-Скопје со оглед дека станува збор за сензитивна работа, излезе во пресрет и постави цистерна со питка вода пред самата болница. Во прилог видео за злоупотреба на водата за пиење и нерационално користење на истата“, пишува во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“, напишано со прилично ниско ниво на писменост.

Град Скопје: Проблем не е водата, проблем се оние што ја добиваат џабе и институциите што ги штитат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот