Водителката ја сними својата мамографија: Моите гради се во весниците поради глупави причини, се надевам дека тоа ќе се промени денес

Instagram

Британската водителка и ТВ-ѕвезда Аманда Холден (49) на Инстаграм сподели снимки направени за време на мамографијата. Како што истакна, таа сака да ја крене свеста за важноста од превенцијата на оваа болест во месецот на борбата против ракот на дојка.

По мамографијата, таа им порача на своите следбеници дека прегледот бил „непријатен“ неколку моменти, но дека ѝ е мило што го направила, затоа што може да ѝ го спаси животот.

Моите гради се во весниците поради глупави причини, па се надевам дека тоа ќе се промени денес. Ќе ја снимам својата мамографија за да посочам дека на една од осум жени ѝ е дијагностициран рак на дојка. Дури 50 отсто од нас не ги препознаваат раните знаци на болеста. Редовните мамографии со самопрегледите нудат најдобри резултати во раното препознавање на болеста – рекла водителката.

Таа додаде дека прегледот бил брз и лесен и дека со него можеби си го спасила животот.

Открила дека не ѝ било сеедно пред прегледот и дека за тоа време е „можно да ви биде непријатно и апаратот да ви ги стисне градите“.

„Но, сето тоа завршува брзо и е мошне безболно“, додала таа.

Аманда Холден е ТВ-ѕвезда во Британија и е член на жирито на шоуто „Британија има талент“.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот