Фото: Слободен печат

Водици низ Македонија: Десетгодишниот Павел трета година по ред го фати крстот во Дебар

Десетгодишниот Павел Ангеловски трета година по ред да го фати светиот крст положен во осветена вода, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Крстот беше положен во базенот во дворот на црквата „Света Петка“ каде се наоѓа и седиштето на Дебарската парохија.

– Многу се радувам. Бог се јави!. Посакувам здравје и среќа за сите – порача Павел.

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм „Свети Кирил и Методиј во Тетово“, осветениот крст во црковниот базен го фати 32 годишниот Борче Стефановски.

– Ова ми е прва година што скокам по осветениот крст и за прв пат успеав да го фатам. Посакувам на сите здравје, среќа, љубов и мир – рече Борче Стефановски

Дваесет и деветгодишниот Јован Илиески од Куманово го извади светиот крст положен во водата на базенот што се наоѓа во дворот на Соборниот храм „Свети Никола“. Педесетина кумановци се обидоа да го извадат светиот крст во старата градска црква.

– Оваа година имав среќа, им посакувам на сите здравје, среќа и успех. Догодина да нè има повеќе на број – кажа Илиевски.

Бојан Јовевски од Крива Паланка е среќникот што годинава го извлече крстот од осветените води на Крива Река. По завршување на овој чин, на градскиот плоштад во Крива Паланка се одржа манифестацијата “Пивтијада 2025” во организација на Општина Крива Паланка, со приготвени 3.000 пивтии од општината, по традиционален рецепт од страна на угостителската струка во средното општинско училиште “Ѓорче Петров”, закуски, храна и топли пијалаци за сите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот