Водата во фонтаните наскоро ќе потече, а дотогаш ќе ги „разубавува“ ѓубрето (ГАЛЕРИЈА)

Фонтаните на градскиот плоштад, од двете страни на кејот се нефункционални и моментално се или покриени, или наполнети со ѓубре.

Како што одминува време температурите растат, а сепак фонтаните се оставени суви, што за центар на градот и најпосетен дел од страна на туристите, остава лоша слика за Скопје.

Душко Весковски, директорот на ЈП „Водовод и канализација“, изјави дека фонтаните се уште не се пуштени заради најавеното невреме што го зафати Скопје, што ќе допринесеше да се направи поголема штета на градот.

Тој дополни дека до крајот на неделата ќе бидат пуштени во употреба фонтаните од двете страни на кејот во централниот дел на градот, а дека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ активно работат подземно за нивна подготовка.

„Слободен печат“ веќе пишуваше дека пуштањето на водата во фонтаните доцни поради тоа што Водовод доцна ја презема надлежноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот