ГОЛЕМ СКАНДАЛ! Фонтаните за кои дадовме милиони нема да проработат поради една глупост!
Фонтаните на плоштадот „Македонија“ и четирите фонтани на плоштадот „Филип Втори“ летово по се изгледа ќе останат суви. Град Скопје уште минатата година грижата за фонтаните му ги препушти на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, но договорот за преземање се уште не е потпишан.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Со одлука на Град Скопје фонтаните на територијата на градот Скопје се доделени на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, но се уште не е потпишан договор за преземање на истите. По преземањето ќе биде распишан јавен тендер за избор на фирма која ќе биде задолжена да ги одржува фонтаните. Се надеваме дека целиот овој процес ќе заврши во рок од 2 до 3 месеци, по што сите фонтани постепено ќе бидат ставени во функција – соопштија од ЈП „Водовод и канализација“
На седницата на Советот на Град Скопје, која се одржа на 17 јули минатата година, донесена е Одлуката за отстапување на чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на фонтаните, со која се предвидува тоа да го преземе јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Со таа одлука Градот се обврза да ги подмирува сметките за потрошената електрична енергија на фонтаните, но нема да одвојува дополнителни средства за нивно одржување.
Дали навистина ќе заврши процесот за 2 до 3 месеци и конечно ќе бидат пуштени фонтаните во употреба останува да се види.



