Во ЗОО Скопје почина негувателот Трајковски, а неколку часа подоцна и жирафата Флопи

Фото: ЕПА / Ѓорѓи Личовски, почина негувателот Трајковски и жирафата Флопи

Трагедија се случи денеска во скопската Зоолошка градина. На 44годишна возраст почина Ристе Трајковски, човекот кој се грижеше за жирафите во ЗОО и кој со својот невообичаен однос кон егзотичните животни беше инспирација за скопјани, но и за светски познати медиуми. Причината за смртта се уште е непозната.

За трагедијата да биде уште поголема, неколу часа потоа почина и последната жирафа во ЗОО Скопје, десетгодишната Флопи.

Фото: ЕПА / Ѓорѓи Личовски, почина негувателот Трајковски и жирафата Флопи

Вработените во Зоолошката градина денеска неколку часа се обидувале да ја спасат жирафата, но не успеале. За смртта на Флопи се очекува официјално соопштение од скопската Зоолошка градина.

Претходно од салмонела почина жирафата Каспер, потоа со силен отров беа отруени ретките пржевалски коњи, по што ЗОО Скопје го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми – ЕАЗА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот