ВО ЖИВО | Заев, Филипче и Османи со изјави од болницата во Софија

Заев-Османи-и-Филипче-заминаа-за-Бугарија-–-МИА
Зоран Заев ја поднесе оставката/ Фото: МИА

Изјави на премиерот Зоран Заев и министрите за здравство и надворешни работи Венко Филипче и Бујар Османи од болницата Пирогов во Софија каде што се хоспитализирани преживеаните од автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот Струма во Бугарија.

Во несреќата загинаа најмалку 45 лица, меѓу кои најголем дел се деца и млади лица. Несреќата ја преживеаја седум патници од автобусот кои се хоспитализирани во Пирогов. Автобусот е на туристичката агенција „Беса транс” од Сарај и превезувал патници кои се враќале од екскурзија од Истанбул.

Автобусот во кој патувале 52 лица влегол од Турција во Бугарија нешто по 21 часот. Несреќата се случила околу три часот на автопатот Струма на правецот Софија-Благоевград. Автобусот удрил во заштитната ограда и се запалил. Во тек е истрага, а како можни причини се наведуваат техничка неисправност на возилото или човечка грешка на возачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот