Во живо од спалната соба: Памела Андерсон дава интервју додека се гали и гушка со сопругот

Русокосата актерка старлета прозборе за бракот со телохранителот Ден Хејхрст, со кого се венчаше на Божик минатата година, во интервјуто за британското телевизиско шоу „Loose women“. Но она што  ги шокираше сите  е  дека Андерсон со сопругот се гушкаат и галат во нивната спална соба додека таа одговара на прашањата од водителките.

– Памела, ве цитирам што изјавивте претходно ‘Конечно сум во рацете на маж кој ме сака, токму тоа е вистинското место за мене‘ – изјави на почетокот една од вдотелките и додаде – не очекував дека ќе ве видиме во рацете на саканиот.

– Ох, ние не сме излегле од кревет уште од божикната вечер – се пошегува Памела и откри дека со Ден се запознале на нејзиниот имот.

– Ова е магично место да се живее. Тој работеше овде, а јас бев заглавена поради ковид- пандемијата, па останавме заглавени заедно и сè уште сме заедно- додаде таа. Потоа Андерсон зборуваше како ја поднела пандемијата и како го поминувала времето. Актерката ја искористила за да го реновира имотот каде живее со новиот сопруг и синовите.

Погледнете како изгледаше интервјуто:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот