Во земјотресот што ги погоди Турција и Грција загинаа најмалку 26 луѓе, над 800 повредени 

ИЗМИР, Турција / 30 октомври 2020 / ФОТО: EPA-EFE/DEMIROREN NEWS AGENCY TURKEY OUT

Во силниот земјотрес што вчера ги погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос, загинаа најмалку 26 лица, а над 800 беа повредени.

Спасувачките екипи пробиваат бетонски блокови од урнати згради во потрага по преживеани во Измир, третиот по големина град во Турција, кој беше најмногу погоден од земјотресот.

ВИДЕО: Земјотресот предизвика мини цунами, поплавени улиците во Измир, се бараат затрупаните

По првиот, најсилен земјотрес од речиси седум степени, следеа околу сто помали, од кои најмалку 16 беа посилни од четири степени, а таа област ја зафати „мало цунами”.

Најмалку 24 лица загинаа во Измир, вклучително и една постара жена која се удави, соопшти турската служба за вонредни ситуации (АФАД).

Се пребаруваат урнатините од зградите кои паднаа во Измир при земјотресот од 6.6 степени/ Измир, Турција/ 30 октомври 2020/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

На Самос, двајца тинејџери загинаа откако се урнал ѕид врз нив, а дваесетина лица биле повредени. Двајца од повредените, меѓу кои и 14-годишно момче, се пренесени во Атина, а седуммина се хоспитализирани на островот, соопштија локалните власти.

ВИДЕО: Ужас и во Грција, двајца тинејџери загинаа во земјотресот што го погоди островот Самос – Страшни се и предупредувањата на сеизмолозите

Епицентарот на земјотресот, кој според Институтот Кандили бил 6,9 степени, бил во Егејското Море северно од Самос, ги погодил Турција и Грција во 14:51 часот по локално време.

Во Турција, се тресеше регионот од Егејско Море до Мраморното Море, а градоначалникот на Истанбул рече дека, иако го почувствувале земјотресот, нема материјална штета во градот. Повеќе од 3.000 спасувачи се испратени во Измир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот