ВИДЕО: Земјотресот предизвика мини цунами, поплавени улиците во Измир, се бараат затрупаните

ИЗМИР, Турција / 30 октомври 2020 / ФОТО: EPA-EFE/DEMIROREN NEWS AGENCY TURKEY OUT

Земјотресот со јачина од 6,6 степени кој го погоди денеска егејскиот регион во Турција предизвикал поплави низ улиците на Измир.

Снимки сведочат дека се поплавените улиците во Измир, поради покачувањето на нивото на морето.

Во земјотресот со јачина од 6,6 степени што се случи во отворени води во Егејско Море, кај местото Сеферхисар во Измир, загинаа четири, а повредени се 120 лица, јави агенцијата Анадолија.

ВИДЕО | Слободен печат дознава: Расте бројот на загинати и повредени во Измир, мобилните телефони не работат, прекинат е и интернетот

Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Управата за вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Турција.

– Според информациите добиени од Координативниот центар за здравство и катастрофи, загинаа четворица наши граѓани, од кои еден се удавил, додека 120 граѓани се повредени, се вели во соопштението.

Според соопштението, дирекцијата на АФАД испратила итна помош од три милиони лири кои ќе бидат искористени во работите во ова подрачје.

– Три мобилни координативни шлепери од Сакарја, Бурса и Афјон се испратени во ова подрачје, се додава во соопштението на АФАД.

ВИДЕО+ФОТО | Катастрофа во Измир: Срушени згради и поплавени улици по разорниот земјотрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот