ВИДЕО | Слободен печат дознава: Расте бројот на загинати и повредени во Измир, мобилните телефони не работат, прекинат е и интернетот

ИЗМИР, Турција / 30 октомври 2020 / ФОТО: ABACA / Abaca Press / Profimedia

Слободен печат во разговор со турски државјанин дознава дека во моментов мобилните телефони и интернет врските се во прекин.

ИЗМИР, Турција / 30 октомври 2020 

По земјотресот со јачина од од 6,6 степени што се случи на отворени води во Егејско Море, кај местото Сеферхисар во Измир според најновите информации загинаа 6 луѓе.

ИЗМИР, Турција / 30 октомври 2020 / ФОТО: EPA-EFE/DEMIROREN NEWS AGENCY TURKEY OUT
ИЗМИР, Турција / 30 октомври 2020 / ФОТО: EPA-EFE/DEMIROREN NEWS AGENCY TURKEY OUT

Постојано расте и бројката  на повредени, досега евидентирани се 202 лица, јавуваат турските медиуми.

ВИДЕО: Земјотресот предизвика мини цунами, поплавени улиците во Измир, се бараат затрупаните

„Страшно е. Сите сме во паника, не можеме да дознаеме дали нашите роднини се безбедни, не работат телефоните и интернетот. Јас имам многу братучеди во Измир“, изјави за Слободен печат Ѓукче Бандахир.

Дирекцијата на АФАД испрати итна помош од три милиони лири кои ќе бидат искористени во работите во ова подрачје.

Три мобилни координативни шлепери од Сакарја, Бурса и Афјон се испратени во подрачјето, се додава во соопштението на АФАД, пренесува МИА

ВИДЕО+ФОТО | Катастрофа во Измир: Срушени згради и поплавени улици по разорниот земјотрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот