ВИДЕО: Ужас и во Грција, двајца тинејџери загинаа во земјотресот што го погоди островот Самос – Страшни се и предупредувањата на сеизмолозите

Двајца тинејџери биле пронајдени мртви на грчкиот остров Самос, откако земјотресот ги погоди Грција и Турција, соопшти денес службеник за итни случаи.

Смртта на момчето и девојчето е потврдена откако биле пронајдени под урнат ѕид во делот на градот Вати, на островот, пренесува Ројтерс. Децата се на возраст од 15 и 17 години, тие се враќале од училиште во моментот кога се сучила несреќата.  

АНА претходно објави дека четири лица биле хоспитализирани со полесни повреди. Никој не бил загрозен, објавено е од болницата на островот.

Сеизмолозите предупредувааат дека луѓето отреба да бидат подготвени и да очекуваат низа силни земјотреси што ќе следат по катастрофалниот земјотрес чија јачина беше 6,7 степени по Рихтер. Тие ја повикаа јавноста да се држи настрана од „ризичните“ згради. Досега се забележани голем број последователни удари, а најсилниот беше 4,6 степени по Рихтер.

Директорот на Националната опсерваторија на геодинамичкиот институт во Атина, Акис Челентис, рече дека земјотресот со јачина од 6,7 степени е главниот земјотрес, но предупреди дека се очекуваат многу силни земјотреси со јачина од 6,2 степени и дека островјаните треба да бидат крајно внимателни и да избегнуваат приближување кон оштетените згради.

ВИДЕО: Уште два земјотреси во близина на Кушадаси од 4,9 и 5,2 степен

Костас Папазахос, професор по сеизмологија на Универзитетот Аристотел во Солун, рече дека земјотресот бил помеѓу 6,8 и 7,0 степени според Рихтеровата скала и предизвикал толку сериозни штети во Турција, при што загинаа најмалку шест лица, повредени се над 200 и предизвикаа голема штета. штета.

ВИДЕО+ФОТО | Катастрофа во Измир: Срушени згради и поплавени улици по разорниот земјотрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот