Во Тирана на пролет ќе се одржи Самит за Украина

Тирана, Албанија
Тирана, Албанија / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Амбасадорот на Украина во Албанија Володимир Шукров изјави дека Самит за поддршка на Украина ќе се одржи напролет во Тирана, изразувајќи при тоа голема благодарност од име на неговата земја за континуираната поддршка што ја дава Албанија.

Во интервју за abcnews.al тој ја смета Албанија за партнер со најголема доверба.

– Премиерот (Еди) Рама најави самит за Украина. Тоа беше изненадување и за мене. Ова на прво место покажува за улогата што ја игра Албанија. Се разбира, одржувањето таков самит е поздравен и во Украина и тоа е многу важно за нас бидејќи Албанија е наш партнер, изјави амбасадорот.

Наведува дека претходно имало телефонски разговор меѓу премиерот Рама и претседателот Володомир Зеленски за многу прашања.

– Претседателот сакаше да изрази благодарност за поддршката што ја имаше од Албанија во овие две години. Самитот ќе се одржи напролет. Знаете дека продолжува и соработката на билатерални полиња, има и пријателски односи меѓу премиерот Рама и Зеленски, но неговото доаѓање во Тирана во моментов сè уште е рано да се потврди, вели Шукров.

Албанскиот премиер Еди Рама, по состанокот на лидерите на Западен Балкан посветен на Планот за раст усвоен од Европската Унија, што во понеделникот се одржа во Скопје, за албанските медиуми изјави дека во Тирана наскоро ќе се одржи Самит за поддршка на Украина, на кој ќе присуствува и Зеленски.

Во телефонски разговор, пак, Зеленски му се заблагодарил на Рама за поддршката против руската агресија врз Украина, за поддршката и во Советот за безбедност на ОН, за политичката и одбрамбената поддршка од страна на Албанија и побарал проширување на програмите за обука на украинските војници со учество на Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот