Во Тирана на 26 септември ќе се одржи Форумот на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес

Фото: Министерство за финансии и економија на Албанија

Во функција на Самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи во Албанија на 16 октомври годинава, албанското Министерството за финансии и економија на 26 септември, ќе биде домаќин на Форумот на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“

Министерството информираше дека на форумот ќе учествуваат министрите за економија од Берлинскиот процес, претставници на Европската Унија и други партнери од Берлинскиот процес, со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за поттикнување на економскиот раст во регионот и негово приближување до ЕУ.

Овој форум ќе ги отслика главните достигнувања, приоритети и предизвици во спроведувањето на овој план и унапредувањето на регионалната интеграциска агенда преку поддршка во рамките на Берлинскиот процес, како многу важен инструмент за забрзување на економската конвергенција на регионот со Европската Унија. Исто така на оваа средба, ќе се дискутира за олеснувањето на трговијата и намалувањето на бариерите, интеграцијата на пазарите, зголемувањето на регионалната соработка, интеграцијата на платните системи на регионот и економската подготовка на Западен Балкан за евентуална интеграција во еврозоната, стои во објавата на албанското министерство.

Форумот е коорганизиран од Министерството за финансии и економија, инвестицискиот форум на комори на Западен Балкан 6 (WB6 CIF), заедно со Сојузот на стопански и индустриски комори на Албанија.

На 14 месецов, во Тирана, со учество на министрите за внатрешни работи на 26 земји од ЕУ и Западен Балкан, се одржа Конференција во рамки на Берлинскиот процес на која се дебатираше за зголемување на соработката во борбата против организираниот и сајбер криминалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот