Во тек е снимањето на краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмски сет на снимањето на филмот „И покрај сè“

Здружението „Тинтири – минтири“ овие денови до 17 март го снима мултиетничкиот краток филм со наслов „И покрај сè“, кој промовира дијалог и соработка помеѓу младите со различно етничко потекло.

Филмот е во режија на м-р Кузман Кузмановски, а директор на фотографија е Филип Кондовски. Главните улоги во филмот ги играат Бехреда Решит, Петар Мароски, Ива Илијевска, Бора Јовановска и Идеал Селмани, а во споредни улоги се јавуваат десетина млади таленти.

Филмот е во продукција на Здружението на граѓани Креативен центар „Тинтири – минтири“. Филмот се снима на повеќе локации низ Скопје, а премиерно ќе биде прикажан во април.

Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како дел од проектот „Градење нови мостови – Младински меѓукултурен уметнички фонд“ („Building New Bridges – Youth Inter-Cultural Art Fund“).

Во период од шест месеци преку низа работилници триесетина млади на возраст од 14 до 18 години добија обука во филмската сфера и остварија соработка со своите врсници од различно етничко потекло. Како краен резултат од оваа соработка се снима краткиот филм „И покрај сè“, кој ќе биде прикажан во кино и на телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот