Владо Мисајловски, министер за одбрана / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во тек е набавката на италијанските хеликоптери, тие ќе помогнат и во гаснењето пожари, вели Мисајловски

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска соопшти дека набавката на хеликоптерите од италијанскиот производител „Леонардо“ е во тек, а последно е исплатена втора рата во висина од 70 милиони евра и истакна дека новите хеликоптери ќе можат да се користат за гаснење на евентуални пожари.

„Набавката е во тек, знаете дека претходната влада ја има потпишано таа набавка, има многу правни предизвици. Во овој момент се исплати втората рата од 70 милиони евра. Ние со адвокатска компанија работиме секојдневно за отстранување на секој еден предизвик што го имаме, рече Мисајловски.

Тој посочи дека хеликоптерите ќе имаат можност да дејствуваат на сите видови пожари и има опрема што дополнително се става на овие хеликоптери.

„Набрзо очекуваме да имаме работна посета на Италија, каде што ќе видиме на место што се е направено и транспарентно ќе објасниме до каде е целата постапка, истакна Мисајловски по поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“.

Договорот за набавка на нови осум транспортни хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо“ за потребите на Армијата, вреден 249,5 милиони евра, беше потпишан од претходната влада лани во март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот