Во ТЦ „Рамстор” ќе има бесплатно тестирање за хепатитис Ц

Бесплатно и анонимно тестирање за хепатитис Ц денеска во ТЦ „Рамстор мол” во Скопје организира Здружението Хепар центар Битола, по повод Светскиот ден за борба против хепатитис.

Целта на настанот, како што информираат од Здружението, е подигнување на свесноста за борба против хепатитис Б и Ц, како јавноздравствен проблем на светско и на европско ниво. Кампањата продолжува во наредните денови во Битола, Охрид и во Струга. Настанот е поддржан од Министерството за здравство, Центарот за јавно здравје Битола, Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија и Црвениот крст.

Статистиките на глобално ниво покажуваат дека 80 отсто од инфицираните со хроничен хепатитис Б или Ц, доколку навремено не се третираат, може да добијат карцином на црниот дроб или малигно заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опасност по животот на пациентот, посочуваат од Хепар центар Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот