Во стан од 24 квадрати сместил 4 простории: Генијалното решение на овој човек ќе ве воодушеви! (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб

Феноменално решение за малите простори, погледнете…

Кога имате мал простор неопходно е да бидете креативни. Со мала креативност можно е во стан од 24 квадрати да сместите спална соба, кујна, бања и работен простор.

Бред од оваа гарсоњера направи вистински функционален стан. Никогаш не би помислиле дека е толку мал со оглед на идеалната искористеност на просторот. Можеби ова ви звучи нереално, но ќе се уверите веднаш откако ќе го погледнете видеото.

Кога ќе влезете во станот, на прв поглед веднаш ќе ви се причини дека тука се наоѓа дневната соба и кујната, но кога ќе се помести параванот ќе видите дека зад него се крие мала спална соба со брачен кревет и гардеробер.

Фото: Јутјуб

Белите ѕидови, како и мебелот и кујнските елементи во светли нијанси создаваат илузија дека просторот е поголем, а работниот простор по потреба се претвора во трпезариски простор.

Фото: Јутјуб

Бањата се наоѓа меѓу кујната и спалната соба. Со цел да би изгледала визуелно поголема, Бред користел и големо огледало.

Фото: Јутјуб

Погледнете го креативното решение за мал стан и слободно украдете некоја идеја за да си го олесните живеењето…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот