Во Стаклара повеќе нема да има септички јами, започнува изградба на фекална канализација
Жителите на населбата Стаклара конечно после 50 години ќе добијат фекална канализација и водовод, откако денеска започна изградбата на фекалната мрежа, а на пролет ќе се гради водоводната.
Препорачано
Денешниот настан е значаен од два аспекта. Првиот е што со овој градежен зафат го затвораме поглавјето во општина Кисела Вода одбележано со недостиг од фекална канализација во 21 век. Повеќе ќе нема цели населби со септички јами, за што сите ќе се согласиме дека е голем срам што тоа не било приоритет на било кое претходно раководство. Вториот аспект е што жителите на Стаклара како и огромен број на бизнис ентитети чија дејност се одвива токму тука ќе добијат нешто кое го бараа 50 години и секогаш добиваа одговор дека е невозможно – вели градонаќалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Со проектот ќе бидат опфатени околу 500 семејства и преку 60 фирми, што според градоначалникот значи дека изведбата на проектот ќе има долгорочен позитивен ефект врз економскиот развој на општината.
Трасата е долга 4,5 километри, од нив 3,5 се во Каменик 1 и Каменик 2 и уште еден километар од првиот влез во Пинтија до Усјанскиот канал.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


