Во Сплит недостигаат 20.000 паркинг места

сплит
Сплит / Фото: Архива на Слободен печат

Во Сплит, кој има 160.000 жители, според податоците на сообраќајната полиција, регистрирани се над 88.000 моторни возила. Од нив има повеќе од 70.000 автомобили, а според градската управа недостигаат дури 20.000 паркинг места, пишува агенцијата Хина.

Но, Градското одделение за сообраќај и комунално одржување на Град Сплит не утврдило „точни мерни податоци“ за последните 12 години, а последните биле од 2010 година. Тогаш недостасуваа 15.000 паркинг места, а во последните десет години бројот на возила во Сплит е зголемен за најмалку 10.000.

Така, се проценува дека сега има недостиг од 18-20.000 паркинг места во тој град, а оваа пресметка не ги зема предвид малите приватни паркинзи кои донекаде го ублажуваат проблемот. Од градската управа најавуваат дека наскоро ќе почне изградбата на две гаражи, за кои Градскиот совет неодамна одобри заем од 60 милиони куни (осум милиони евра), а ќе финансира и подобрување на неколку улици.

Со паркинзи и гаражи во Сплит стопанисува градското претпријатие „Сплит паркинг“ кое располага со вкупно 3.736 паркинг места во 20 гаражи и 4.221 место на 68 улични паркинзи. Најголема побарувачка за паркинг места има во поширокиот центар на градот, особено во вечерните часови во туристичката сезона. Заедно со реновирањето на гаражите, воведен е и јавен велосипедски систем со речиси 42.000 корисници.

Според „Сплит паркинг“, во градот има 30.000 легални паркинг места, но тоа е недоволно ако се земе предвид колку автомобили има градот и колку доаѓаат од околните градови и колку туристи има во лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот