Во Скопје се вози без возачка дозвола, брзо и под дејство на алкохол

Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Само за еден ден во Скопје секторот за внатрешни работи при контролите изрече 174 мерки за однесувањето на возачите во сообраќајот. Од нив се гледа дека во Скопје се вози брзо, под дејство на алкохол, а секојдневно има и возачи што зад воланот седнуваат во алкохолизирана состојба.

Само вчера, во Скопје се изречени вкупно 174 мерки, меѓу кои 38 за возење повеќе од дозволената брзина, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 10 мерки за непочитување на првенство на минување, седум санкции за возење под дејство на алкохол и пет мерки за користење мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот