Во село Издеглавје пронајдена артилериска граната

Архива: Граната / Фото: МИА

Откако е пријавено дека е пронајдена експлозивната направа, пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување од Кичево и Битола, ја презедоа гранатата и ја транспортираа на безбедна локација.

При работа на расчистување на стар објект во селото, жител на село Издеглавје, Дебрца, пронашол артилериска граната со калибар од 105 милиметри, по потекло од Балканските или Првата светска војна.

Откако е пријавено дека е пронајдена експлозивната направа, пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување од Кичево и Битола, ја презедоа гранатата и ја транспортираа на безбедна локација.

– При расчистување на стар објект во село Издеглавје, Дебрца, од жител на селото е пријавено дека е пронајдена експлозивна направа. По дојавата двајца пиротехничари на ДЗС по еден од Кичево и Битола, излегоа на терен и констатираа дека се работи за артилериска граната со калибар од 105 милиметри по потекло од Балканските или Првата светска војна. Експлозивната направа е преземена и транспортирана на безбедна локација, каде ќе остане  се до нејзиното конечно уништување што ќе се случи кон средината на пролетта или во текот на есента, информира Драгољуб Попоски од ПО на ДЗС Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот