Во првата фаза можат да поминат најмногу тројца кандидати за британски премиер, на кои им е потребна поддршка од 100 пратеници
На кандидатите за премиер на Велика Британија ќе им биде потребна поддршка од 100 пратеници на Конзервативната партија за да учествуваат на гласањето во понеделник.
Препорачано
Високиот праг значи дека во првата фаза ќе поминат најмногу тројца кандидати. Номинациите се затвораат во понеделник во 14 часот по локално време.
Доколку се појават двајца кандидати, за нив онлајн ќе гласаат членовите на Конзервативната партија, а победникот ќе биде прогласен до следниот петок.
Доколку само еден кандидат го помине цензусот, тој ќе биде прогласен за победник во понеделник.
Првите резултати во трката за лидер на Конзервативната партија ќе бидат објавени во понеделник во 18 часот по локално време, се наведува во партиското соопштение.
Доколку е потребно да се одржи втор круг на гласање, резултатот ќе биде објавен во понеделник во 21 часот.
Пред да гласаат членовите на партијата, пратениците ќе имаат „индикативно” гласање за двајцата кандидати, со што ќе биде јасно кој е изборот на пратеникот од Конзервативната партија.
Победникот ќе биде избран на 28 октомври


