Во Пекинг одбележан денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

фото: Амбасада на Македонија во Пекинг

Културен настан по повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј се организираше во Пекинг, поточно во македонската амбасада, на ииницијатива од Катедрата за македонски јазик при Универзитетот за странски студии во Пекинг.

Амбасадорот Сашко Насев подари книги на библиотеката од Катедрата за македонски јазик. Раководителката Чен Цјао се заблагодари и изрази надеж за успешна соработка во иднина, пренесува МИА.

Под раководство на лекторката Рената Пенчова студентите ги рецитираа песните „Раѓање на зборот“ од Ацо Шопов, „Букви“ од Гане Тодоровски, „Везилка“ од Блаже Конески, „Глаголица“ од Анте Поповски.

Во настанот се вклучи и македонската заедница, која живее и работи во Пекинг и проф. Јасмина Џуровска-Блажеска, професор по математика и природни науки во Меѓународното училиште Чинхуа, Пекинг. Таа ја промовира македонската култура и јазик преку неформални и дополнителни активности. Во настанот учествуваа и нејзините колеги од Кина, Шпанија, Виетнам, Филипини и рецитираа поезија  од македонски и кинески поети.

За време на настанот се интерпретираа и македонските народни песни како „Македонско девојче”и Јовано Јованке”, „Назад, назад Калино моме”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот