Камери во Скопје / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Еве кога нема да добиете казна, дури и ако камерите ве фатат дека возите пребрзо

Началникот Сашо Топаловски во емисијата „Претрес“ појасни дека системот „Безбеден град“ прави исклучок за ситуации кога возачи навистина возеле кон болница поради итен случај. Во такви ситуации, нагласи тој, казните ќе бидат укинати по службена проверка.

– Ќе провериме дали возачот со вклучени „четири трепкачи“ навистина брзал да спаси нечиј живот – свој или на близок. Ако се утврди дека одел во болница, нема да добие казна – рече Топаловски, додавајќи дека таквите случаи можат лесно да се верификуваат.

Тој истакна дека системот „Безбеден град“ е направен така што снимките не може да се избришат или да се манипулираат.

Камерите на „Сејф сити“ фатија нов рекордер: возач летал со 231 километри на час

– Снимките се зачувуваат и не може никој да ги избрише. Колку долго, еден месец или една година, не знам, но секој прекршок ќе биде обработен – додаде тој.

Сите регистрирани прекршоци се процесираат автоматски, а возачите ќе бидат известувани по е-пошта или преку СМС.

Возачите масовно симнуваат апликација што ги покажува камерите на „Сејф сити“ – предупредува пред да им се приближите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот