Во оваа земја во САД 30 000 луѓе живеат во полигамијa, повеќе не е нелегално

Според досегашниот закон, за секој кој ќе се докаже дека има повеќе од една сопруга, му се закануваше казна затвор до пет години.

Сенатот во американската држава Јута едногласно одлучи да ја декриминализира полигамијата кај возрасните лица, објави Би-би-си.

Според досегашниот закон, за секој кој ќе се докаже дека има повеќе од една сопруга, му се закануваше казна затвор до пет години.

Критичарите веруваат дека злоупотребата само ќе се влоши. Новиот закон исто така треба да биде одобрен од Претставничкиот дом на Јута.

Според новиот закон, полигамијата или бракот со повеќе од една сопруга или сопруг ќе се смета за прекршок, како што се оние во сообраќајот.

30.000 луѓе во полигамија

Но, принудната полигамија ќе се третира како кривично дело.

Се верува дека повеќе од 30 000 луѓе живеат во полигамија во оваа држава, пренесува Асошиејтед Прес.

Јута е дом на мормонската црква, која во своите почетоци ја прифатила полигамијата, пред да ја забрани во 1890 година.

Денес, Мормоните го екскомуницираат (исклучување од црковна заедница) секој што практикува полигамија, но многу фундаменталисти од таа религија и понатаму го прават тоа.

Иако бракот со повеќе лица е нелегален според законот во Јута, официјалните лица на таа држава во голема мерка се определија за неказнување доколку истиот се прекрши.

Во 2001 година, полигамистот Том Грин стана првиот маж осуден за брак со пет жени. Тој подоцна беше осуден и за силување малолетничка, бидејќи една од неговите сопруги останала бремена на 13-годишна возраст, пренесува Би-би-си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот