Во Општина Тетово ниту едно јавно претпријатие не го раководи жена, Касами кажа дека се работи на родова рамноправност

Касами сади цвеќе/Фото: Слободен печат

Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами заедно со општинската администрација припаднички на понежниот пол, денеска Денот на жената 8 март го прославија со засадување на цвеќиња во центарот на градот.

Наместо да добијат подарок, жените одлучија да го разубават градот, рече Касами. Кажа дека треба се уште да се работи на родова рамноправност, ако се земе предвид фактот дека ниту една жена не раководи јавно претпријатие.

„Во јавните претпријатија за жал нема носител на јавна функција, затоа што е поспецифична како функција, но во училиштата вогласно носители на тие функции се директорки, особено во основните училишта, каде сите директорки се жени. Ние работиме да има повеќе претставување на жените во Тетово. Има подготвеност жените да бидат повеќе застапени во општинските раководни функции. Во политиката тоа што е законско решение 40% да бидат ставени во листите, ние работиме по барање на Форумот на жените тоа да биде и повеќе и до 50 %, како што се во општеството. Така да ние ќе работиме минимум да бидат 40 % и во делот на носење на позиции на извршната власт, каде очекуваме да бидеме после изборите дел од таа власт, жените да бидат претставени најмалку 50 %, но тоа не е одлука на партијата БЕСА туку тоа е и одлука која треба да ја донесеме со другите партии од власт“, рече Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот