Во обид да се ослободат паркинг места, Општина Аеродром наскоро ќе ги отстранува сите хаварисани возила по паркинзите

Со години наназад аеродромци се жалат дека немаат доволно слободни места за паркирање

Еден од најголемите проблеми со кои во моментот се соочуваат жителите на Општина Аеродром е немањето доволно слободни места за паркирање. Овој проблем првенствено се јавува како последица на долгогодишната забрзана урбанизација на најбројната скопска општина во која во изминативе години се изградија голем број на нови згради, без притоа на новите станари да им се обезбеди доволно слободно места за паркирање.

Дополнително, проблемот со немањето на доволно паркинг места се појавува и поради големиот број на хаварисани возила кои поради најразлични причини, со месеци а некои и со години наназад сопствениците ги осавиле на паркиралиштата. Токму во обид да се изнајдат решенија за овие проблеми на аеродромци, од Општина Аеродром информираат дека во изминатиот период интензивно работат на изнаоѓање на соодветни решенија за еднаш за секогаш да се реши овој проблем. Според најавите, Општината работи на изнаоѓање на решение за отстранување на хаварисаните возила кои како што велат оттаму, со години наназад зафаќаат голем број на паркинг места.

– Проблемот со паркинг-местата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат аеродромци, што беше забележано уште во предизборната кампања од страна на градоначалникот Муцунски. Токму затоа, помеѓу првите чекори кои ги преземавме е спроведувањето анкета меѓу жителите за воведување зонско паркирање на неколку критични локации низ Општината. Дополнително, работиме на изнаоѓање решение за отстранување на хаварисаните возила кои со години наназад зафаќаат голем број паркинг-места, а ќе бидат преземени мерки за исцртување на нови места за паркирање и за таа цел ќе се примени системот на косо паркирање како успешен модел за подобрување на паркинг услугите – објаснуваат од Општина Аеродром.

Меѓу другото, неодамна, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски најави дека на конечно решавање на проблемите со паркирањето на целата територија на Општината. Според него, Општина Аеродром ќе превземе конкретни чекори и ќе спроведе анкета преку урбаните заедници односно куќните совети/управителите на станбените објекти кои не се опфатени со зонското паркирање. Според него, доколку граѓаните се изјаснат дека сакаат зонско паркирање тогаш се планира негово воведување на повеќе места како Стар Аеродром и Ново Лисиче.

Според најавите, освен воведувањето зонско паркирање планирано е да се започне и со имплементација на она што градоначалникот Муцунски го ветил во предизборната кампања, а тоа е воведување на косо паркирање што  би требало да обезбеди уште поголем број на места за паркирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот