Во Непроштено ќе се одбележат 20 години од конфликтот во 2001 година

Фото: Слободен печат

Во 2001 година беше убиен Стојан Михајловски, а Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски се дел од 12-те Македонци кои беа киднапирани во тетовскиот регион

Во тетовско Непроштено вечер ќе се одблежат 20 години од конфликтот во 2001 година со помен на убиените и киднапирани Македонци од ова место.

-Настанот ќе се одржи со почеток во 18 часот и 30 минути со положување цвеќе пред споменикот на киднапираните што се наоѓа во центарот на селото, информираат од Организацискиот одбор на Непроштено.

Во 2001 година беше убиен Стојан Михајловски, а Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски се дел од 12-те Македонци кои беа киднапирани во тетовскиот регион.

Спомен-обележјето во Непроштено е изградено во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот