Во недела израелскиот парламент ќе гласа доверба на новата влада

Израелскиот парламент вo недела ќе организира гласање за доверба на новата влада, последната фаза пред доаѓањето на власт на коалицијата што ќе ја замени владата на Бенјамин Нетанјаху, соопшти денеска претседателот на парламентот Јарив Левин.

Доколку коалицијата на десничари, левичари, центристи и арапски партии изгласа доверба на владата, заклетвата ќе биде дадена истиот ден, со што ќе заврши 12-годишниот мандат на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој ќе биде заменет со Нафтали Бенет.

Лидерите на крајната десница Jaмина и центристичката Јеш Атид, Нафтали Бенет и Јаир Лапид и претседателот на Раам (Обединетата арапска листа) Мансур Абас минатата среда постигнаа договор за формирање нова владејачка коалиција.

Според договорот, Лапид и лидерот на десничарската партија Јамина ќе функционираат како ротирачки премиери, односно Бенет ќе биде премиер во првите две години од мандатот, по што Лапид (57) ќе застане на чело на Владата.

Осумпартиската коалиција нема речиси ништо заедничко, освен отпорот кон Нетанјаху, кој беше на премиерската позиција од 1996 до 1999, и потоа непрекинато од 2009 досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот