Во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ влегоа пет романи

Јубилејно издание на наградата „Роман на годината“

Романите „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте прозни остварувања што се најдоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Одлуката ја донесе комисијата во состав: Влада Урошевиќ (претседател и минатогодишен лауреат), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).

Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје и која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Досегашни добитници на наградата „Роман на годината“ се:

2022 – Влада Урошевиќ, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“;

2021 – Симона Јованоска, „Денот на црвот“;

2020 – Владимир Јанковски, „Скриени желби, немирни патувања“;

2019 – Оливера Николова, „Песот со тажен поглед“;

2018 – Николина Андова-Шопова, „Некој бил тука“;

2017 – Фросина Пармаковска, „Одбројување“;

2016 – Давор Стојановски, „Собирачи на пепел“;

2015 – Петар Андоновски, „Телото во кое треба да се живее“;

2014 – Луан Старова, „Балканвавилонци“;

2013 – Владимир Плавевски, „Јадица“;

2012 – Митко Маџунков, „Птиците од ланските гнезда“;

2011 – Снежана Младеновска Анѓелков, „Единаесет жени“;

2010 – Душко Родев, „Човекот што ги сакаше калинките“;

2009 – Томислав Османли, „Дваесет и првиот“;

2008 – Јагода Михајловска, „Индиго Бомбај“;

2007 – Блаже Миневски, „Нишан“;

2006 – Кица Колбе, „Снегот во Казабланка“;

2005 – Пајо Авировиќ, „Џахиз и истребувачите на кучиња“;

2004 – Оливера Николова, „Куклите на Росица“;

2003 – Милован Стефановски, „Изгубен жегол“;

2002 – Гоце Смилевски, „Разговор со Спиноза“;

2001 – Димитар Башевски, „Бунар“;

2000 – Венко Андоновски, „Папокот на светот“;

1999 – Слободан Мицковиќ, „Куќата на Мазарена“.

Комисијата ќе го соопшти името на лауреатот на оваа престижна награда за 2023 година на прес-конференција што ќе се одржи во петок, 15 март, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот