Во Мичурин почна да се гради нов парк

Деновиве започнаа активности за изградба на нови парк во населбата Мичурин.

Урбаниот парк ќе се гради на постојното игралиште спроти ОУ „Блаже Конески“, а ќе биде со површина од 3 573 квадратни метри. Паркот ќе понуди зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, како и место за друштвени игри за најмладите.

Исто така, на оваа локација ќе има и артериски бунар со цел навремено наводнување на околното зеленило.

Општина Аеродром, покрај овој парк, најавува изградба и на повеќе паркови на различни локации. Два од урбаните паркови ќе бидат во Стар Аеродром, покрај улиците „Методија Шаторов Шарло“ и „Пандил Шишков“, а нов парк ќе се гради и меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот