Во Кривичен закажано судење за шверцот на кокаин, каде е вмешана актерката Стојановска

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска со почеток во 10 часот е закажано судењето за актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ кои се обвинети за производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Според обвинението, тие организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

На 21 август започна судскиот процес под кодно име „Колибри“ каде, Обвинителството и обвинетите ги дадоа воведните зборови пред судот.

Актерката Силвија Стојановска и нејзиниот поранешен сопруг Воислав Будисављевиќ на првото рочиште на судењето во случајот „Трговија со кокаин“ се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата за кои се гонат од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Судот на минатото рочиште го прифати барањето на Обвинителството за продолжување на мерките за обезбедување присуство за двајцата обвинети.

Позната македонска актерка, Силвија Стојановска на 19 декември годинава беше приведена и спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во врска со заплена на огромна количина дрога, каде и беше одреден 30-деневен домашен притвор.

Додека пак, Будисављевиќ во притвор. Двајцата беа приведени на крајот на декември лани.

Македонска актерка вмешана во шверц со кокаин, ОЈО бара притвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот