Во Кратово нема активни случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје 684

Фото: Драган Митрески

Кратово е единствениот град во земјава во кој нема активни случаи на Ковид – 19. На дното на листата се и Демир Хисар со двајца и Крушево и Пехчево со по тројца активни. Најмногу и натаму има во Скопје 684, по што следуваат Куманово со 182, Тетово – 174, Струмица – 150, Кочани – 149, Прилеп – 128 и Гостивар – 108.

Во другите градови се бројат под 100 случаи. Во моментов вкупниот бројот на активни на Ковид-19 во земјата изнесува 2323.

Во болниците се лекуваат 338 пациенти, од кои 43 се на кислородна поддршка, а пет се на механичка вентилација.

Во претходното деноноќие направени се 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 новозаболени. Оздравени се 69 лица, а тројца починале.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, оздравени се 1.4581, а битката со коронавирусот ја загубиле 725. Направени се вкупно 185.321 тестирања на Ковид -19.

Во светот, пак, бројката на ковид позитивни достигна 33,2 милиони. Излeкувани се 24,5 милиони, бројот на починатите надмина еден милион. Во моментов активни се околу 7,7 милиони луѓе.

Најмногу потврдени случаи има во САД 7,3 милиони, во Индија 6,1, Бразил 4,7 и во Русија 1,1 милиони. Кина, од каде што започна пандмијата на Ковид-19, досега евиденирала околу 85 илјади позитивни на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот